Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Центар, поставил огромни паноа, но, не на приватен билборд, туку на зграда во наша, во сопственост на граѓаните. Врз основа на кој закон е дозволено имотот на општините и државата да стане рекламно пано на СДСМ, прашува опозицијата, додавајќи дека на Шилегов очигледно не му пречи барокот кога треба неговиот лик да ја украси барокната зграда.
– Дали ова рекламно пано било понудено на сите политички партии да можат да се рекламираат? Или на државен имот, имотот на граѓаните, право на реклама има само и исклучиво на СДСМ? Нема да дозволиме СДСМ да се однесува како Комунистичката партија на Северна Кореја. Исто како во комунистичките режими низ светот, Петре Шилегов сака да ја покрие сопствената неспособност и неработа поставувајќи огромни слики од кои сите треба да сме воодушевени – рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Напротив, големите лаги не можат да бидат покриени со големи слики, велат од партијата, оценувајќи дека оваа агресивност само ја покажува нивната слабост и стравот од пораз.
– За СДСМ доаѓа силен пораз од сите луѓе на Македонија. А за оваа злоупотреба ќе има одговорност. И за оние кои тоа го дозволиле, и за оние кои ги поставиле овие пропагандни реклами – велат од ВМРО-ДПМНЕ.