ВМРО-ДПМНЕ ВЕЛИ ДЕКА ДРЖАВАТА СТАНУВА ДИВА КОЦКАРНИЦА Дали Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш?

Со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

388

Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!? Со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„По одлуката на Груби, Лотарија каде директор е шефот на кабинет на Груби распишува оглас во кој се пресликува фирмата 8888.бг на Васил Бошков Черепот, бугарски мафијаш, за кого и Блумберг пишува дека е криминалец, кој се поврзува со многу тешки кривични дела. Истиот веќе подолг период е во притвор во Бугарија и против него се водат сериозни постапки“, се наведува во соопштението.






ВМРО-ДПМНЕ пррашува, дали Груби ја понижува државата и истата преку Лотарија треба да влезе во бизнис со криминалец во притвор?

„Македонија со Груби станува дива коцкарница, каде коцкање ќе организираат белосветски мафијаши. Ова лудило мора што побрзо да запре. Потребни се промени“, велат од најголемата опозициска партија.

Поврзани содржини