ВМРО-ДПМНЕ ВЕЛИ ДЕКА КРМОВ ЈА ОЛЕСНИЛ ЛЕВИЦА ЗА 5.000 ЕВРА Неколку пратеници споделија фотографија на Фејсбук
Каде отидоа 5.000 евра од сметката на Левица? Партии што се декларираат како неподмитливи треба први да дадат отчет за секој денар! Или Крмов ќе продолжи со демагогија и мачкање очи?, напиша Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ и сподели фотографија која ја споделија и неколку други пратеници.
Неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинија пратеникот Борислав Крмов од партијата Левица дека зел 5.000 евра од касата на партијата за лични потреби. Тие на Фејсбук споделија фотографија од наводните трошења.
Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на профилот напиша:
„Борислав Крмов – ‘неподмитливиот’ борец за работничката класа, со џебови полни од државниот буџет!
Вака ли изгледа ‘борбата против елитите’, другар Крмов? Со голема плата и дополнителни партиски исплати? Или системот е добар само кога ви носи пари, а лош кога треба да глумите револуција?#