ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да се повлече срамното решение на логото, бараме нов конкурс
Со ваквото решение од страната на Владата на Зоран Заев е прекршен и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, во членовите 3 и 4 од истиот закон, каде што јасно стои дека „Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.“
Продолжува сквернавењето на националните и идентитетските симболи од страна на оваа власт. Последен во низата на недоследности и погазување на идентитетските обележја е знамето на Република Македонија, претставено во логото за прославата 8 Септември, Ден на независноста на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– И покрај острата реакција од страна на граѓаните, Владата на Зоран Заев сè уште е глува за целосно повлекување на логото. Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави ова решение за целосно неприфатливо – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, со ваквото решение од страната на Владата на Зоран Заев е прекршен и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, во членовите 3 и 4 од истиот закон, каде што јасно стои дека „Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.“
– Затоа бараме веднаш да се повлече ова срамно решение за лого и да се распише нов Конкурс за идејно решение по повод прославата за Денот на независноста – велат од ВМРО-ДПМНЕ.