ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ ПРАВИ ПЛАНОВИ ЗА ДЕНОТ ПО ГЛАСАЊЕТО Јасен е победникот на овие локални избори, вели Мицкоски

Дденот потоа ќе значи силна Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалициајата и огромен број општини поредводени од владината колицијата. Размислуваме за денот по изборите, вели премиерот Христијан Мицкоски.

470

Јасен е победникот на овие локални избори, ние веќе правиме план за денот потоа, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен-темелник за изградба на дом за стари лица во Зрновци.

– Се трудам пораките што ги испраќам да се пораки над ситуација, да се пораки на смирување. Избори се, логично е да постои искра во одредени општини низ Македонија. Би било нелогично ако не е така. Иако е јасен победникот на овие локални избори, ние веќе правиме план за денот потоа, бидејќи денот потоа ќе значи силна Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалициајата и огромен број општини поредводени од владината колицијата. Размислуваме за денот по изборите – рече Мицкоски.






Одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од предложените кандидати за градоначалници, премиерот рече  дека се труделе да бидат објективни и врз основа на она со кое располагале, како информации, да донесат најдобра одлука.

– Имам доверба во секој еден од предложените кадровски решенија. Имам доверба дека ќе покажат вонредни резултати. Тука сме ние секојдневно да ја мониторираме нивната работа и доколку гледаме дека имаме намалување на динамиката и темпото на реализцијата на политиките кои се ветени спрема граѓните, да ги опоменеме. Така што никој не е вечен и никому ништо не е загарантирано и однапред априори дадено. Секој ќе мора да се потруди максимално, мора тоа што се ветува пред граѓаните и да се испорачува – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини