ВМРО-ДПМНЕ утре со автомобили ќе блокира улици
Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси - рече Јанушев денеска на прес-конференција.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев најави нов протест за утре против поскапувањето на струјата.
– Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси – рече Јанушев денеска на прес-конференција.
Како што рече тој, протестот ќе почне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.
Протестот, рече Јанушев, ќе започне пред „Палома бјанка“.
Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.