ВМРО-ДПМНЕ: Утре протест во седум града за оставка на Заев и слобода на народот

Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

1,223

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси и најави за утре во 18.00 часот протест во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

„Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси.Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои.Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро.“, стои во повикот.

Поврзани содржини