ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре во19 часот на протест пред владата. Протести дополнително ќе се одржат и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово.
„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност“, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.
„Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки. ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира утре во Скопје и во четири други градови“, најавува ВМРО-ДПМНЕ.