ВМРО-ДПМНЕ УТРЕ ЌЕ ОДРЖИ КОНГРЕС Христијан Мицкоски ќе бара нов мандат за лидер
Настанот ќе почне во 10 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“.
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го одржи XVII Конгрес на кој се бира лидер на партијата. кандидат е актуелниот лидер Христијан Мицкоски.
Настанот ќе почне во 10 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ со регистрација на гостите, на делегатите и претставниците на медиумите.
Отворениот дел за јавноста ќе трае до 13 часот. Во рамки на затворениот дел од Конгресот е и гласањето и избор на Претседател на партијата.
Во 17.30 часот продолжува отворениот дел за јавноста, во чии рамки ќе биде и обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.