ВМРО-ДПМНЕ УТРЕ ЌЕ ОБЕЛОДЕНИ СКАНДАЛ СО РАШКОВСКИ Само со два договора во четири очи со фирма блиска до Заеви, испумпани 1 милион евра од „Дрисла“
Наум Стоилковски со документи ќе докаже дека зад овие два договори стојат роднински врски помеѓу генералниот секретар на Владата, директорoт на „Дрисла“ и директорот на фирмата од Струмица.
„Борбата со високата корупција е нешто што е Еевропската комисија го посочува со години и е едно од барањата заедно со промени во администрацијата. И тоа борба од аспект на овој непотизам, кронизам, партизација на јавната администрација се барање од ЕК да бидат како реформи. Поентата е да не поставуваат свои партиски ликови на определени места, поентата е да има реформи во администрацијата, да не биде само натрупана со партиски кадри, туку навистина да почне да игра улога во подобрување на стандардот на граѓаните и услугите на државата кон сограѓаните“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Корупцијата на СДСМ, столбот на неуспехот на Македонија“.
Стоилковски додаде дека откако е СДСМ на власт, се нема видено никаква реформа ниту борба против високата корупција, напротив таа сѐ повеќе цвета.
– Љупчо Николовски, во една прилика, кога Македонија падна на 111-то место, посочи дека тоа било само перцепција и дека немало корупција, но така народот мислел и дека така било тоа мерено како низ анкета дека постои корупција. Уште постои, истата постои. Дека тоа било само перцепција и дека не постои корупција, посочи и Иван Џолев, кој што пак после со кршење на закон е оставен како в.д. откога му истече мандатот. При тоа кршеше закон за судија поротник, којшто имаше исполнето услови за пензија, но Џолев го остави за поротник – појасни Стоилковски.
Тој посочи дека високата корупција, корупцијата на министерства, ја банализираат со тоа дали имало бакшиш, дали некој однел вино или не.
„Ако 111. Место на Македонија, рангирањето според Транспаренси Интернешнл, не е вистинито, зошто сега истите се обидуваат преку медиумски настапи да фалат раст кој што исто така можеби не постои. Значи, влегуваме во една манипулација, која што ја читавме во определени писма испратени од еден од учесниците и носителите на скандалот „Рекет“, белегот и жигот на владеењето на СДСМ во Македонија. Од Владата се испраќани прилози, нарачки, писма, цели текстови, што да биде објавено во медиумите и со контрола врз медиумите. Оттука, кога сме кај корупцијата, сега ќе ја искористам оваа прилика, односно оваа трибина, да најавам токму еден пример за злоупотреба на Законот за јавни набавки, злоупотреба на кризна состојба и договори во четири очи, за еден случај на непотизам, кронизам, протекционизам. Еден скандал за кој што од утре ќе почнам серија на прес-конференции, поткрепени со документи. А во случајот, со само два договори во четири очи со „Дрисла“, фирма која што инаку во првични рамки не би добила тендери, успева за две години да повлече речиси 1 милион евра од сметката на „Дрисла“ – рече Стоилковски.
Стоилковски рече дека зад овие два договори стојат роднински врски помеѓу генералниот секретар на Владата, директорoт на „Дрисла“ и директорот на фирмата.
– Значи сите можни форми на корупција постојат во овој случај, непотизам, кронизам, злоупотреба на јавни набавки, политичка поставеност на службени лица, значи се што е форма на корупција го има во овој случај. Се работи за роднини преку женска линија, на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, се работи за директорот на „Дрисла“ кој што од женска линија е роднина со Драги Рашковски. Се работи за фирма од Струмица, која што е тесно поврзана со фирмата на Заеви и во некоја рака е во роднинска врска со Драги Рашковски, генералниот секретар во Владата. Се работи за познатиот Пипералиев, струмичанец кој што е дел од компаниите на Заеви, партнер со Горан Крстев уште од времето на „Глобал“ во Струмица, кога Зоран Заев беше градоначалник. А тие двајца се дел од еден случај, балкански случај поширок поврзан со марихуана, со бизнисот со марихуана заедно со еден српски партнер – појасни Стоилковски.