ВМРО-ДПМНЕ: Утре блокади во Скопје и протести во 15 градови

Оставка на Заев, слобода на народот, е пораката на опизициската партија.

418

Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ, порача ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги граѓаните утре (02.12.2020) во 15 часот да се прикличат на блокадите пред Владата и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18  часот.

„Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси. Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.

 






Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини