ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски е лицемерен, само во една торба изрекетирани пари има 6.000 плати

619

 

 

Љупчо Николовски пак ги кажува истите манипулации како и во 2016 година. Наместо подобар стандард на граѓаните власта на СДСМ беше сконцентрирана на максимална реализација на рекетот и криминалот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.






„Граѓаните гледаат дека само во изрекетирана торба со 1.5 милиони евра има 6 илјади плати на текстилните работници. Според сведоштвата ваквите изрекетирани пари на крајот завршувале во врвот на власта. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, вели ВМРО – ДПМНЕ.

Поврзани содржини