ВМРО-ДПМНЕ УБЕДЛИВО ВОДИ ПРЕД СДСМ Анкета на ИПИС сугерира дека Мицкоски ужива двојно поголема доверба од Ковачевски
Повеќе од третина од граѓаните, 39,7 отсто сепак немаат доверба во ниту еден политичар. Речиси една петтина пак, односно 18,3 не би гласале за ниедна партија.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ би победила на парламентарни избори доколку тие би се одржале следната недела, сугерира телефонско истражувањена ИПИС, Институтот за политички истражувања од Скопје. Истражувањето било правено меѓу 23 и 26 мај врз 1.112 полнолетни испитаници од различни статистички групи според полот, староста, националноста, место на живеење, образование, а Скопје било земено како посебна целина поради своите посебности.
ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со цели 7 процентни поени, додека лидерот Христијан Мицкоски ужива 13,5 отсто доверба кај граѓаните споредено со премиерот Димитар Ковачевски, кој, според наодите на ова истражување, има 5 отсто доверба.
На истиот список, лидерот на Левица има 3 отсто доверба, додека поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, 2,3 отсто. Во албанскиот блок партии најголема доверба ужива Али Ахмети со 6,6 отсто, додека на второ место е Билал Касами, кој со многу мала разлика предничи пред Арбен Таравари.
Повеќе од третина од граѓаните, 39,7 отсто сепак немаат доверба во ниту еден политичар. Речиси една петтина пак, односно 18,3 не би гласале за ниедна партија.
Граѓаните се поделени кога станува збор за договорот со Бехтел и Енка. Повеќе од половина од испитаните Македонци, 53,3 отсто се против договорот во сегашната форма како што бил потпишан од Владата, но кај Албанците, сличен процент, 54,8 отсто, се за овој договор во дадената форма.
Земено пак вкупно, 45,1 отсто од испитаниците се против договорот, а 24,8 го поддржуваат.
Слични се и процентите кога станува збор за мислењето дали во договорот има корупција и дали тој треба да биде променет.