ВМРО-ДПМНЕ тврди дека кинеската влада ја спаси Македонија од арамилук: 30 долари за „Синофарм“, 30 за Вицето!

Фантом фирмата има основачки капитал од само 1.000 евра. Фантом фирмата има само 3 вработени. Заев и Филипче да кажат како оваа фантом фирма ги уверила дека ќе ги набави вакцинити? За после да испадне дека не може, прашува ВМРО-ДПМНЕ.  

1,817

Триесет долари за „Синофарм“, 30 за Вицето. Ова е планот за набавка на вакцини во главата на Заев и Филипче. Македонија од грабеж ја спаси само добрата намера на кинеската влада, која недозволила арамилук на сметка на народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако министерот за здравство Венко Филипче најави тужба за клевета против пратеник од оваа партија кој денеска објави документи за аферата со кинеските вакцини.  

„Документите кои се објавија во јавноста потврдуваат: Филипче овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија. Фантом фирмата има провизија од 100%. Министерството за здравство префрлило на име на фантом фирмата 12.5 милиони долари. Фантом фирмата има основачки капитал од само 1.000 евра. Фантом фирмата има само 3 вработени. Заев и Филипче да кажат како оваа фантом фирма ги уверила дека ќе ги набави вакцинити? За после да испадне дека не може“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.  






Заев и Филипче, вели партијата, ќе одговараат за ненабавката на вакцини, поради што го загрозија јавното здравје, а живот изгубија стотици луѓе.

Поврзани содржини