ВМРО-ДПМНЕ: Трети сме по смртност и во најлошите 5 по вакцинација

Попис во држава која е во моментот трета по смртност во светот и во последните 5 по вакцинација е геноцид, наведено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

287

Од партијата СДСМ треба да ѝ признаат на јавноста дека тоа што тие го нарекуваат попис е политичка операција во која освен партиите на власт се вклучија и сите наши соседи, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој попис се спроведува спротивно на сите методологии и стандарди на Евростат и нема да даде релевантна и реална слика, врз основа на која може да се градат политики, туку напротив е обичен пазар на Зоран Заев за продолжување на неговата политичка кариера. На крајот на краиштата, пописот кој што СДСМ, Владата и Заев насилно го туркаат среде епидемија е гаранција за епидемиска бомба која ќе ги чини граѓаните здравје и илјадници загубени животи. СДСМ треба да се охрабри и да прифати одложување на пописот, бидејќи тоа е единственото разумно решение во услови кога бројот на починати на дневна основа е над 20, а бројот на новозаразени е над 1.000. Попис во држава која е во моментот трета по смртност во светот и во последните 5 по вакцинација е геноцид“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини