ВМРО-ДПМНЕ: Тозија предизвика дипломатски скандал со Хрватска, а власта срамно молчи

Станува збор за „срамен молк од власта“, се вели во реакцијата на Комисијата за кулура која прашува и „дали ставот на Горјан Тозија за Хрватска е и владина порака испратена и со поштенската марка“.

1,553

Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија со своите непримерни изјави, предизвикува дипломатски скандал и спор од невидени размери со Република Хрватска. Тозија, именуван владин државен функционер, ја нарекува Хрватска „усташка држава”, а на владејачката хрватска партија ХДЗ и го наметнува епитетот  „фашистичка”, реагира на Фејсбук, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за „срамен молк од власта“, се вели во реакцијата на Комисијата за кулура, која прашува и „дали ставот на Горјан Тозија за Хрватска е и владина порака испратена и со поштенската марка“.






„Од него е побарано извинување, но Тозија ја превртува и спинува тезата и споменува имиња и филмски продуценти кои воопшто немаат допирна точка со сериозниот скандал! Досега со ставовите на овој владин функционер не се огради никој од државниот врв на Македонија со што се поставува прашањето дали изјавите на Тозија се идентични со ставот и на нашата власт?

Уште повеќе што неодамна Македонска пошта пушти серија поштенски марки со карта на „голема Хрватска“ , односно карта на Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна. И тоа токму на денот 9 Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Сето ова наведува не само на несмасност во работењето на власта, туку и доведува до сомнеж- какви пораки испраќа оваа власт на надвор имајќи ги предвид прво нивниот молк кон директните соседи, кон кои се поставува поданички и го брише историското минато, а потоа наметнува проблематизација кон традиционалните пријатели на Македонија со кои таа нема отворени прашања?“, се вели во сатусот на Фејсбук на Комисијата за култура на ВМРО – ДПМНЕ.

Поврзани содржини