ВМРО-ДПМНЕ ТОПТАН ЌЕ ГЛАСА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ? Пратеникот Крмов вели дека има „свои извори“ во оваа партија

Според неговите извори, овојпат немало да има пребегување на осум пратеници, туку ќе гласа цел парламент (освен Левица) „за да им дадат покритие“.

812

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе прифати уставни измени како со Преспанскиот договор, тврди пратеникот Борис Крмов од партијата Левица, повикувајќи се на свои извори.

Од наши извори коишто ги имаме, (дознаваме дека) ВМРО-ДПМНЕ се има согласено за уставни измени, само се кршат копјата дали ќе бидат пред или после избори. Затоа што пред избори повеќе им одговара на СДС, после избори на ДПМНЕ. Сите партии, освен Левица, суверенитетот не го бараат кај народот, туку кај странските амбасади – изјави пратеникот Крмов.






Според неговите извори, овојпат немало да има пребегување на осум пратеници, туку ќе гласа цел парламент (освен Левица) за да им дадат покритие.

– ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласа после Преспанскиот договор. Ако уште едно предавство, како со Преспански, се случи со учество на ДПМНЕ, тие ќе влезат во процес на распаѓање – пасокизација, слично како што е моментално во СДС. ДПМНЕ има едно осипување после Преспански, ако се дрзнат на уште едно предавство, и таа ќе влезе во процес на распаѓање – изјави Крмов.

Поврзани содржини