ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Заев го смета за предност, Македонија ја чини 3.500 загубени животи

Со ваквите срамни изјави Заев потврдува дека со секоја секунда подолго додека е на власт, Македонија ќе трпи страшни загуби. Македонија ќе дојде во предност кога Заев ќе замине од владата и ќе сноси одговорност, се вели во соопштението на опозицијата.

372

Зоран Заев денеска ја даде најсрамната изјава за нивната неспособност, дека сме биле во некаква наводна предност затоа што тој и Филипче досега не успеаја да набават вакцини, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Предноста“ која што ја спомна Зоран Заев, наведено е таму, Македонија ја чини 3.500 загубени животи.






„Поради нивната неспособност и обидите за корона криминал кои Заев ги нарекува предност, Македонија е во топ 5 земји по смртност и во најлошите 5 земји по вакцинација. Во светот предност имаат владите кои имаат одговорни политичари кои веќе со месеци овозможуваат имунизација на населението и спас на човечки животи. Со ваквите срамни изјави Заев потврдува дека со секоја секунда подолго додека е на власт, Македонија ќе трпи страшни загуби. Македонија ќе дојде во предност кога Заев ќе замине од владата и ќе сноси одговорност“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини