ВМРО-ДПМНЕ: Судските пресуди се носат како што му одговара на Заев

397

Со СДСМ на власт следува време кога судски пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Зоран Заев, се вели во најновото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со СДСМ на власт имаме време на криминал, мафија и корупција. Со СДСМ на власт судиите носат селективни одлуки во корист на власта. Власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе си го амнестира криминалот“, се вели во соопштението..






Зоран Заев и СДСМ во наредното нивно стерилно соопштение нека одговорат кој одговараше за криминал во државата додека тие се на власт. Тие што треба да одговараат се најблиску во скутот на Зоран Заев, тврди опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан, која заврши  со смртни последици и додава:

„Ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега. Но, за жал ова не е прв случај на неправда, има повеќе. Неодамна беше и пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда. Оваа влада на СДСМ е најкорумпираната која единствено носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и мафијата на власт“, се вели во соопштението на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини