ВМРО-ДПМНЕ реагира дека средишниот дрворед по булеварот Партизански одреди, и 40.000м2 зеленило ќе бидат уништени како последица на БРТ на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Од партијата истакнуваат дека под постојана закана ќе биде и водоснабдувањето на Скопје, чија главна цевка, во големина од 1 метро и 60 сантиметри минува на 2 метри под средишното зеленило на булеварот Партизански одреди.
– И најмали осцилации можат да ја оштета и да предизвикаат пукање. Имајќи ја во предвид големината на истата и големиот притисок, штетите во минута ќе бидат огромни. Дополнително БРТ не е превоз за мали градови како Скопје, тој се користи за градови како Истанбул и Мексико сити, каде растојанието од едниот до другиот крај на градот е и до 180 километри. Автобуските постојки кај истиот се поставени на поголемо растојание и со цел да се овозможи брз излез и влез на секоја постојка на тпатници. Во Скопје е проблем што растојанието е мало, а ќе треба да се намали бројот на постојки, со тоа граѓаните ќе добијат нефункционален транспорт, каде за да стигнат од една до друга постојка ќе треба да поминат големо растојание – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ