ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски дава пасоши на мафијаши, а нема за народот

Пасоши имаше за Седат Пекер, Босовите на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, шефот на Италијанската мафија, борци на ИСИС и стотина белосветски криминалци. Заев и Спасовски ги опремија сите криминалци со македонски патни исправи. Од Македонија имаат направено прибежиште за мафијаши. 4 години Заев и Спасовски, 4 години украден живот. Доста е!“, се наведува во партиското соопштение.

241

Заев и Спасовски ја уништија државата, народот не може пасоши и лични карти да направи, а нема ни регистарски таблички. Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши  регистарски таблички и лични карти нема за народот, во прашање ли е бизнис интерес?, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе подолг период наназад се создава голема гужва пред одделенијата за пасоши и лични карти на МВР, луѓе не можат да дојдат на ред да се сликаат за да изменат некој документ кој е со помината важност. Трпи правниот промет помеѓу граѓаните, трпат економските активности на голем број на луѓе, само затоа што Заев и Спасовски се неспособни. МВР нема ни доволен број регистарски таблички, веќе неколку недели граѓаните не можат да дојдат до нови таблици. Што прави Спасовски и зошто се чека и по месец дена за управните служби на МВР да почнат да функционираат нормално“, вели опозициската партија.






Според ВМРО-ДПМНЕ само во Македонија со Спасовски и Заев има пасоши за мафијаши и наркобосови, а нема за народот.

„Пасоши имаше за Седат Пекер, Босовите на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, шефот на Италијанската мафија, борци на ИСИС и стотина белосветски криминалци. Заев и Спасовски ги опремија сите криминалци со македонски патни исправи. Од Македонија имаат направено прибежиште за мафијаши. 4 години Заев и Спасовски, 4 години украден живот. Доста е!“, се наведува во партиското соопштение.

Поврзани содржини