ВМРО-ДПМНЕ: Со Владата на Заев, Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата

506

Владата на Зоран Заев докажа изминатиов период дека не им се важни економските проблеми и маките на обичниот граѓанин, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата на Зоран Заев единствено се фокусира само на криминалите кои секојдневно се случуваат во државата. Македонските граѓани со економските политики и мерки на Владата на Зоран Заев немаат никаква сигурност. Граѓаните не земаат редовно плата, не примаат никаква помош и се злоупотребени на секаков начин. А, дека економските политики на власта се катастрофални говори и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65 отсто од бруто домашниот производ. Со Владата на Зоран Заев Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата.Владата на Зоран Заев е најнеспособната економска влада во Република Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини