ВМРО-ДПМНЕ СО СОВЕТ ДО АРТАН ГРУБИ Да престане да глуми Европеец и лажно да се прикажува за некаков фактор
Партијата со совет и кога друг пат ќе говори кој каде му бил срцето, знаеме дека срцето на Артан лежи на куфер украдени пари.
Артан Груби да престане да глуми Европеец, и лажно да се прикажува за некаков фактор, затоа што единствено што преставува, е портпарол на мафијата на власт, и слуга на криминалните интереси поради кој народот на Македонија глава не може да крене, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на првиот потретседател на владата во која тој ги повика европски ориентираните пратеници да се приклучат на мноцинството во парламентот.
„Со Артан Груби и ДУИ може само да биде киднапиран пратеник, а не и да се интегрираме во ЕУ. Кога Артан Груби зборува за европски вредности, Европа ја боли глава. И друг пат кога ќе говори кој каде му бил срцето, знаеме дека срцето на Артан лежи на куфер украдени пари. ДУИ и СДСМ се власт 5 години, и секоја година сме се подалеку од ЕУ“, се вели во реакцијата.