ВМРО-ДПМНЕ СО СЕТ МЕРКИ ЗА ПОДОБАР СТАНДАРД Акциза пониска за 50 отсто и намалени даночни стапки
Предлог на партијата е овие мерки да важат од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година.
ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сет мерки кои директно ќе го заштитат стандардот на граѓаните во услови на вртоглавиот раст на цените. Мерките ќе бидат доставени до владата и собранието.
– Преку Собранието наместо 5 отсто повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0 отсто односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараме за топлинската енергија за греење наместо 5 отсто данок да нема данок- велат од партијата.
Предлог на партијата е овие мерки да важат од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година.
ВМРО-ДПМНЕ најави и дека ќе бара продолжување на важноста на даночната стапка од 5 отсто за електрична енергија и после 1 јули, како и ќе бара намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50 отсто.
– Дополнително се бара Владата да го разгледа предлогот да бидат намалени царинските тарифи за производите во прехранбената индустрија, мерка со која се очекува да се намали конечната цена на чинење на прехранбената производи – велт од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат дека граѓаните за краток период се соочија со зголемување на трошоците за живот, цените на горивата пораснаа за околу 70 отсот, електричната енергија за 30 отсто, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30 отсто. Инфлацијата го јаде стандардот и платите веќе не стигаат.