ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ долгот надмина 60 отсто, прекршени се Мастришките критериуми

296

Македонија со СДСМ и официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3 отсто и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави. СДСМ континуирано го зголемува јавниот долг, откако се на власт истиот порасна за скоро 2 милијарди евра. Додека само во последните 6 месеци истиот е пораснат за милијарда евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се гледа дека се крати од капитални инвестиции и проекти. Во овие тешки моменти нема ниту повеќе пари за здравството, ниту пак инвестиции. СДСМ продолжува со буквална неработа. Исто како што имаа цело лето време за инвестиции во нови болнички капацитети и не го направија тоа, па сега броиме уште колку слободни места имаме во болниците и до кога. Целиот хаос во кој се наоѓа државата здравствено – економски е директна последица на СДСМ и нивната неработа – смета ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини