ВМРО-ДПМНЕ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ ВОДИ ХАЈКА ПРОТИВ КОРИДОРИТЕ „Рамо до рамо“ во Теарце, Јегуновце, Желино, Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше

„Ние нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ги блокираат стратешки важните проекти затоа што блокадите се на штета на граѓаните и на земјата“, порачаа активистите на СДСМ.

237

СДСМ ги продолжува интензивните теренски активности и средбите со граѓаните ширум републиката. Рамо до рамо со граѓаните на општина Теарце беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски, кои порачаа дека СДСМ работи а опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат.

– Опозицијата го блокираше Собранието среде криза, најавуваше рестрикции на струја и крах на енергетскиот систем. И покрај блокадите го заштитивме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите кога беше најтешко. Ништо од најавеното од опозицијата не се случи. Реализиравме антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми во регионот и успешно се справивме со кризата. Сега повторно опозицијата гледаме дека шири нови лаги, овој пат за коридорите. Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес. ВМРО-ДПМНЕ, во заложништво на проруската Левица, води хајка со лажни вести против коридорите и против американската компанија – рече Шукова.






Во општина Јегуновце беа Мелиса Ценовска Серафимовска и Оливер Спасовски. Спасовски порача дека со СДСМ граѓаните се чувствуваат безбедни и сигурни, не само заради политиките коишто значат сигурност на државата туку и заради постигнатиот резултат со намалување на стапките на криминалитет и зголемена безбедност во сообраќајот.

– Гледаме што се случува во општините каде што локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Таму не се реализира ништо, општините се задолжуваат, а граѓаните плаќаат повисоки сметки за комунални услуги. Јасна и видлива е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Додека ние ги зголемуваме платите и пензиите, додека реализираме стратешки проекти, тие сакаат државата да ја вратат назад во изолација и поделби – порача Спасовски.

Во Тетово, Желино и Маврово Ростуше зборуваа Борис Тунџев и Пеце Мирчевски.

– ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против сите стратешки одлуки од национален интерес – истакна Тунџев, нагласувајќи го значењето на овој проект за економијата, безбедноста во сообраќајот и за регионалниот развој.
Во Тетово беше Ана Данева Маркова, која со граѓаните зборуваше за економските политики на Владата предводена од СДСМ. Во Гостивар и Врапчиште Благој Бочварски заедно со Пламенка Бојчева денеска разговараа со граѓаните на Врапчиште за мерките и политиките што СДСМ ги спроведува, како и за плановите во наредниот период.

– 32 години независност, а ние сега се уште треба да зборуваме дали треба да се изградат автопатиштата во државата или не, како што вели опозицијата? Тоа не е реална дебата, тоа е само хајка против коридорите и против овој стратешки проект. Буквално за секоја стратешка одлука важна за земјата ВМРО-ДПМНЕ била и е на погрешната страна. Ние нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ги блокираат стратешки важните проекти затоа што блокадите се на штета на граѓаните и на земјата – рече Бочварски.

Поврзани содржини