ВМРО-ДПМНЕ: Со исти истрошени кадри СДСМ оди во изборен пораз

ВМРО-ДПМНЕ смета вели дека Зоран Заев вчера избра кадри кои се слика копија на него, неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот

381

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ со старите кадри кои ги предложи за градоначалници сака да го заштити криминалот.

– Зоран Заев вчера избра кадри кои се слика копија на него, неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот. Го предложи Петре Шилегов за кандидат за градоначалник за Скопје. Шилегов кој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров. Шилегов кој не вети, но брка 84 наставници, купува клупи од 500 евра од тропско дрво и плаќа противпожарно возило 900.000 евра поскапо од тоа што го плаќа град Загреб за исто такво возило – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од опозициската партика забележуваат и на предлогот на Сашко Наков за градоначалник на Штип..

– Заев го предложи  Николов кој се потсмева со работниците, а додека тој е градоначалник неговите роднини, газдите на Баргала даваат плата од 200 денари на напатениот народ. За Охрид СДСМ ќе трча со Константин Георгиев, кој две години не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси.Време е да се стави крај на оваа безидејност. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја покаже разликата. Време е за Македонија за сите луѓе! – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини