ВМРО-ДПМНЕ СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА ОДГОВОРИ НА ЧЕСТИТКАТА ОД ЗАЕВ ДО ЦИПРАС „Она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее“

Експремиерот Зоран Заев, по повод 7-годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, му порача на Алексис Ципрас дека треба да оставиме позитивен пример на Балканот, Европа и во светот дека може да се постигне договор преку дипломатски канали дури и за најтешките прашања помеѓу земјите.

951

„Во ова време на војни и хаос во светот, исклучително сум среќен што успеавме да го постигнеме Договорот во Преспа, да изградиме долготрајно пријателство помеѓу нашите соседски земји – Северна Македонија и Грција“, му пишал поранешниот премиер Зоран Заев на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Тој му порача на Ципрас дека треба да оставиме позитивен пример на Балканот, Европа и во светот дека може да се постигне договор преку дипломатски канали дури и за најтешките прашања помеѓу земјите.






„Честитки за седумгодишнината од нашиот Преспански договор“, пишува Заев во честитката.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, попладнево му одговорија на Заев со само една реченица:

„Она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее“.

Поврзани содржини