ВМРО-ДПМНЕ СО АМАНДМАНИ БАРА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ Наставник во основно да има плата од 45.054 денари

Опозициската партија смета дека професорите во средно наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат 45.594 денари нето плата.

524

ВМРО-ДПМНЕ со амандман ќе бара усогласување на платите во јавниот сектор, т.е. нивно скалесто зголемување во однос на минималната, соопшти и денеска партијата.

Од партијата сметаат дека преку износот на минималнатап лата власта спорведува само  гол популизам, без да мисли за граѓаните во целост и воопшто не ги почитува колективните договори кои се склучени помеѓу работниците и институциите.






„ВМРО-ДПМНЕ бара износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата. Согласно предлог амандманот кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ наставник кој што има коефициент 2.503, и досега земаат нето плата од 24.782 денари, би требало да земаат нето плата од 45.054 денари. Истото тоа го предлагаме и за средните училишта, односно професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат 45.594 денари“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ за овој свој предлог бара поддршка од останатите политички партии, синдикатите и работниците, бидејќи само преку реални мерки и покачувања за сите може да им помогне на граѓаните да излезат од сиромаштијата.

Поврзани содржини