ВМРО-ДПМНЕ: Следи вистински шок, цената на струјата од 1 јули ќе се зголеми за повеќе од 18 проценти!
Потврда за новата цена на струјата ќе добиеме за неполни 10 дена, тврди опозициската партија.
Од 1 јули граѓаните на Македонија ќе се соочат со драстичен скок на цената на струјата. Таа ќе поскапи за 18 отсто, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Зголемувањето на цената ќе повлече опаѓачка спирала во сите сектори. Владата на СДСМ свесно ќе дозволи ЕЛЕМ да банкротира. Таква цена на струјата нѐ ослабува економски. Сиромавиот гледа да си го наполни стомакот, а не да плаќа високи сметки за струја – велат од партијата.
Потврда за новата цена на струјата ќе добиеме за неполни 10 дена, тврди опозициската партија.
– Некој се смее поради тоа што ние протестираме против поскапување на електричната енергија, но не сфаќаат за колкави цифри станува збор – предупредува ВМРО-ДПМНЕ.