ВМРО-ДПМНЕ: Што стори СДСМ за Македонија?
Сега Заев тргува со најскапоценото - историјата, нашето минато, нашиот корен, нашиот јазик, нашето постоење како Македонци. Сè што стори СДСМ, народот не заборава, се вели во соопштението.
СДСМ на граѓаните на Република Македонија донесе хаос, назадување и уништена економија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија не заборава на неостварените ветувања за живот во земјава, за 500 евра просек плата која наместо да се зголемува, таа се намалува. Нема ништо од оние фамозни инвестиции на Фејсбук, Гугл, Санос. Нема ништо од 5% раст на БДП. Македонија не заборава за неправдите. СДСМ правда не донесе како што ветуваше. Македонија не заборава на неправдите со Смилковско езеро, криминалот и корупцијата која е најголема во Европа. Македонија не заборава на Рекет 1 и Рекет 2“, наведено е во соопштението.
Поради Владата на СДСМ, се вели во соопштението, Македонија доби хибриден режим.
„Заев станува најголема закана за европската иднина. Граѓаните на Република Македонија се чувствуваат измамено, со променето име. Сега Заев тргува со најскапоценото – историјата, нашето минато, нашиот корен, нашиот јазик, нашето постоење како Македонци. Сè што стори СДСМ, народот не заборава“, се вели во соопштението.