ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е одлепен од реалноста, луѓе умираат, а тој троши на забави

990

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагира на како што велат, „отсутноста и одлепеноста од реалноста“ на градоначалникот Петре Шилегов во време на коронакризата.

„Луѓе умираат од коронавирус на Шилегов му дојде до музика и дава субвенции од 14.500 денари за часовно пеење на некој од скопските кровови. Дефинитивно Шилегов ги помешал приоритетите. За Шилегов приоритет се песните, а не гужвата со автобусите на ЈСП. За Шилегов приоритет е пеењето по кровови, а не чистењето на ѓубре по улиците. За Шилегов приоритет е трошењето пари за забава, а не за чистење на еколошката бомба Вардариште.






Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поддржува проекти од уметноста, но во услови на здравствена криза Шилегов работи се друго, освен тоа што е најприоритетно за скопјани. Тој секој ден покажува дека единствениот спас за Скопје е негова оставка, со што Скопје ќе биде спасено од неговата неспособност“, реагира Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани содржини