ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе фрли 70 милиони евра, за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром

1,852

Мрзеливиот Шилегов ќе фрли 70 милиони евра, за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром. БРТ не е решение и истиот ќе создаде и голем сообраќаен метеж, смета советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– Проектот за БРТ кој е замислен да се протега од Лисиче до Ѓорче Петров ќе го уништи средишното зеленило на булеварите „Видое Смилевски – Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски – Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“. Мрзеливиот Шилегов заради неговата неработа ќе ја загрози и главната водоводна цевка со дијаметар од Ф 1.600 мм од која со вода се снабдуваат општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Студеничани и е градена 1967-1968 со заварени челични цевки и се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на булеварот „Партизански одреди“, каде што впрочем и ќе поминува БРТ, а која е заштитна зона на водоводната цевка, така што и најмали осцилации може да имаат фатални последици – велат советниците.






Според нив, патниците ќе бидат принудени да поминуваат три ленти за да стигнат до автобуската постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона, со што се загрозува безбедноста во сообраќајот, но и се отвора потреба од пешачки натпатници, што е многу скапо, а нивното користење до сега се покажало како минимално од страна на граѓаните.

– За БРТ мрзеливиот Шилегов ќе потроши 70 милиони евра пари на скопјани, а ќе предизвика метеж и сообраќајни проблеми, наместо да направи две подземни сообраќајници, едната од  Влада до Комплекс банки која ќе го скрати патувањето за половина час од Аеродром до Карпош т.е. исток – запад и обратно. И втората позади Рамстор со иновативни кружи текови на две нивоа која комплетно го решава проблемот со сообраќајот од насока Карпош – Кисела Вода и обратно – велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини