ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е фараонот на лажните ветувања
Целиов овој мандат како фараон трошеше скоро пола милијарда евра а немаме едно капитално нешто кое што ќе остане, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Петре Шилегов пред 4 години кога лажно ветуваше кули и градови се правеше фараон. Граѓаните ги паметат ветените мостови, зип-лајн, тунел, реконструкција на езерото Треска и какви не други капитални инвестиции, кои останаа мртво слово на хартија, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Целиов овој мандат како фараон трошеше скоро пола милијарда евра а немаме едно капитално нешто кое што ќе остане. Граѓаните од фараонот Петре не очекуваа пирамиди, туку очекуваа да го направи барем пола од тоа што го вети. Шилегов стана фараонот на лажните ветувања. Лагата, неспособноста и неработењето се неговиот белег кој тој ќе ја остави зад себе“, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија во земјава.