ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов даде предност на лампиони и диносаурси наместо на набавка на болнички возила
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје тврди дека скопскиот градоначалник ќе потроши половина милион евра на непотребни работи наместо да ги вложи тие пари во борба со пандемијата.
Фрапантни се податоците дека за пластични диносаурси и украсување со лампиони градоначалникот Петре Шилегов ќе потроши вкупно 525 илјади евра, во исто време кога не дава ниту денар за борбата против корона, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје..
-Новите пластични диносаурси кои ги набави Шилегов за Золошката градина градот Скопје го чинат 325 илјади евра, дополнително Шилегов ќе потроши 200 илјади евра за лампиони, светилки и новогодишно улрасување на градот. Со вкупно 525 илјади евра можеше Шилегов да купи најмалку 15 возила за итна медицинска помош, да се изградат неколку монтажни ковид центри, да се купат 1000 лап топ компјутери за дечиња кои не може да ја следат он лајн наставата која се организира поради заштита од короната – велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов даде предност на лампиони и диносаурси наместо на набавка на болнички возила, монтажни болници, лап топ компјутери за учениците кои ги немаат.
Лудило е да се трошат пари за лампиони, а да нема за средства за спас на животи и помош на граѓаните.
На Скопје му треба градоначалник работник, а не лампион градоначалник.