ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да каже како добива полициски белешки и каде пишува дека се одзема возилото на тој што возеше на велосипедска патека

627

Петре Шилегов кога веќе не постигна ништо како градоначалник ја презема улогата портпарол на МВР, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје преку соопштение.

„Бидејќи објавува казни кои се прашуваме како стигнале до него, тогаш го повикуваме да одговори: Колкава е казната која ќе ја плати возачот кој возеше по велосипедската патека? Дали тоа не се прениско 50 евра или 3000 денари за возење по велосипедска патека и тротоар? Каде на казната пишува дека се одзема возилото, тоа никаде не може да се забележи од документите кои се објавени. Како полициски белешки стигаат до градоначалникот на Скопје? Дали Шилегов има ново работно место а јавноста не знае или пак продолжува да се злоупотребува МВР?“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини