ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и Пендаровски јавно да се оградат од ставовите на Секуловски

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги запознае сите меѓународни претставници во Македонија и странство, како се руши кредибилитетот на НАТО во Македонија.

551

ВМРО-ДПМНЕ бара претседателот на државава и министерката за одбрана Стево Пендаровски и Радмила Шекеринска  јавно да се оградат од изјавата на полковник Зоран Секуловски.

– Не може претставник на АРМ да имплицира дека врз одлуките на НАТО имаат влијание трети страни, а Шекеринска и Пендаровски да молчат. Кадрите на Шекеринска и Пендаровски го уриваат кредибилитетот на НАТО, ширејќи лажни вести дека НАТО одлучува врз база на нечии информации или видувања, а не врз база на факти.Самиот чин да се каже во јавноста дека одлуката на НАТО се темели на сугестии на трети лица го урива неговиот кредибилитет. Јавно ги повикуваме Шекеринска, но и Пендаровски да се оградат од ставовите на Секуловски, во спротивно ќе сметаме дека нападите кон НАТО се дирегирани лично од нив – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги запознае сите меѓународни претставници во Македонија и странство, како се руши кредибилитетот на НАТО во Македонија.

 

Поврзани содржини