ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ спротивно на законите и правилникот на Собранието верификува мандати

СДСМ и овој мандат го почна со кршење на постапките и законските решенија. Насилно и за гола власт ја уништија правната држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

583

СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста додека на јавна сцена во собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Денеска СДСМ верификува мандати спротивно на Деловникот за работа на собранието и неговиот член 17, кој јасно вели дека пратениците кои ќе станат пратеници од листата на кандидати во остатокот од мандатот собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, а не по предлог на верификационата комисија, како што тоа денес го прави – појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека пратеничката Гордана Силјановска Давкова не гласаше против верификацијата на мандатот на пратеникот Бедри Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави.

– СДСМ и овој мандат го почна со кршење на постапките и законските решенија. Насилно и за гола власт ја уништија правната држава – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини