ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе направи дупка од 1 милијарда евра во државната каса

Партијата која ветуваше 5-7% раст на БДП годишно, сега ѝ приредува дебакл на економијата, која е на шкрги веќе подолг период, велат од  ВМРО-ДПМНЕ.

1,195

ВМРО-ДПМНЕ смета дека  буџетската дупка ќе достигне 1 милијарда евра, поради лошото менаѓирање од страна на владата на СДСМ.

– Зоран Заев и Нина Ангеловска пет пати го менуваат ставот за кондицијата на македонската економија, за да признаат на крајот дека се соочуваме со катастрофа –  велат во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата сметаат дека државата е донесена до питачки стап.

– СДСМ не се водеше од интересот на народот, туку од теснопартиските пресметки. Економијата е целосно притисната и без изгледи за раст. Партијата која ветуваше 5-7% раст на БДП годишно, сега ѝ приредува дебакл на економијата, која е на шкрги веќе подолг период – велат од  ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека оваа власт треба да замине.

Поврзани содржини
na