ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да плаче, измислуваат дека некој им се заканува

326

Ја разбираме нервозата на советниците на СДСМ во Ѓорче Петров, таа не доаѓа поради измислените закани поради кои плачат во јавноста, туку поради тоа што народот не ги сака затоа што СДСМ во Ѓорче Петров го има најнеспособниот градоначалник во Скопје,а и пошироко, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Влатко Цветковски од СДСМ дека добивал закани по живот и дека бил физички нападнат.

– СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, и да се фати за работа зошто освен криминал, неработа и шверцерско носење на дупови за богатење Наумовски ништо нема реализирано од ветеното. Градоначалникот Наумовски треба да се плаши од народот кој ќе го казни и од одговорноста со која ќе се соочи – вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини