ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без трикови да остане на ставот за поддршка на Резолуцијата

Резолуцијата ги штити црвените линии на нацијата и е плод на ставот на јавноста, МАНУ, УКИМ, порача ВМРО-ДПМНЕ.

163

СДСМ без трикови да опстои на ставот за поддршка на Резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија, порача денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Резолуцијата ги штити црвените линии на нацијата и е плод на ставот на јавноста, МАНУ, УКИМ. Резолуцијата е првиот македонски документ кој претставува консензус на јавноста околу националните линии, и како таква треба да биде почитувана од сите политички чинители. Очекуваме од СДСМ да го одржи ветеното и да ја поддржи Резолуцијата, а потоа и да ја почитува, без да се обиде низ собраниски процедури да ја осуети. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини