ВМРО-ДПМНЕ: Редовен конгрес во ноември

479

Редовниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во ноември, одлучи вечерва Централниот комитет (ЦК) на партијата.

Централниот комитет ја отфрлил Иницијативата за одржување вонреден конгрес на 28 март што денеска ја поднесе Иницијативниот одбор во кој членуваат дел од поранешните високи функционери.






Како што соопшти Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, нивен противник е Зоран Заев, а целта е рушење на неговиот „хибриден режим“.

– Ова е добра прилика за прочистување на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, последно прочитување помеѓу актуелното раководство, новата енергија и поранешните функционери кои се предводени од Зоран Заев. Централниот комитет за ваква иницијатива заседаваше уште пред неколку месеци и едногласно донесе одлука за отфрлање на ваквата иницијатива и согласно статутарните овластувања кои ги има и согласно членот 29, став 4 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат едногласно Централниот комитет се задржа на принципиелно почитување на Статутот и статутарните принципи кои што ги има. Би сакал да истакнам дека ние за наш противник го имаме Зоран Заев и продолжуваме кон рушење на хибридниот режим во Република Македонија и сите граѓани ни се добредојдени во оваа борба и во оваа поддршка и се надевам дека се поголем број ќе ни се приклучуваат – изјави Андоновски по седницата.

Поврзани содржини