ВМРО-ДПМНЕ: Разликата помеѓу Клиничкиот центар во Белград и во Скопје е тоа што за нашиот некој ќе стави милиони в џеб
На оваа влада која е најкорумпирана во Европа не смее да и се дозволи да троши толку пари или да стави во џеб 400 милиони евра за нешто што може да чини нешто повеќе од 100 милиони евра, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
На лагите на Филипче им нема крај. Филипче би направил сè само за да стави во џеб некоја провизија, по можност што е поголема тоа подобро. Но, за него, а граѓаните ги помножи со нула, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Сега само за да стави заедно со Заев 400 милиони евра од нов клинички центар, или да направи пљачка и криминал на народот вели дека имало разлика од клиничкиот што се гради во Белград. Има разлика секако, тој во Србија чини 125 милиони евра, а тој сака да направи во Македонија за повеќе од половина милијарда евра и притоа да ги стави во џеб заедно со Заев 400 милиони евра. На оваа влада која е најкорумпирана во Европа не смее да и се дозволи да троши толку пари или да стави во џеб 400 милиони евра за нешто што може да чини нешто повеќе од 100 милиони евра. Четири години украден живот. Доста е! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка.“, се вели во соопштението.