ВМРО-ДПМНЕ ПРОМОВИРА УШТЕ 8 КАНДИДАТИ Муцунски за Аеродром, Зафировски за Карпош…
Кандидат за општина Струмица е Жан Дрвошанов, за Кичево Александар Јовановски, за Крива Паланка Александар Рангелов, за Старо Нагоричане Велибор Денковски и за Долнени Ладо Глигороски.
ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот комитет и Централниот комитет донела одлука за повеќе кандидати за градоначалници на општините, чии имиња денеска ги сподели со јавноста.
Кандидат за општина Аеродром е доцент доктор Тимчо Муцунски од Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје каде предава Римско право, Реоторика и Правна аргументација. Тој е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
За општина Карпош кандидат е доктор Оливер Зафировски, специјалист педијатар, пулмоалерголог со над 32-годишно искуство. Работи во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца Козле од 1989 година каде беше и директор од 2006 година до 2017 година. За време на мандатот, доктор Зафировски изгради современ Институт по сите светски стандарди, а во 2016 година го основаше Центарот за цистична фиброза. Зафировски беше советник во општина Карпош во периодот 2009-2011 година и потпретседател на ОК Карпош во два мандата. Оженет е и татко на малолетен син.
Кандидат за општина Битола е доктор Тони Коњановски, работи во Заводот за здравствена заштита како специјалист епидемиолог. Во 2007 година д-р Коњановски е назначен за стручен раководител на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, каде останува до октомври 2016 година кога е назначен за директор на Центарот за јавно здравје, каде раководи со до 08.2017 година. Тој е актуелен советник во Советот на општина Битола. Во изминатите години активно членува во Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Фамилијарен човек, татко на две деца.
Кандидат за општина Струмица е Жан Дрвошанов, економист со долгогодишно искуство од областа на финансиите и менаџирањето во сопствена фирма за сметководствени услуги и финансиски консалтинг во Струмица. Оженет, татко на две ќерки.
Кандидат за општина Кичево е доктор Александар Јовановски, кој работи во сопствена приватна здравствена установа, со претходно работно искуство како професор по медицина во средно општинско училиште „Мирко Милески“ во Кичево. Тој е сопруг и татко на три деца.
Кандидат за општина Крива Паланка е Александар Рангелов, политиколог, поранешен директор на Центарот за култура. Актуелен советник е во Советот на општината и потпретседател на ОК Крива Паланка. Семеен човек, татко на две деца.
Кандидат за општина Старо Нагоричане е Велибор Денковски, вработен во сопствена фирма. Претходно работел како наставник по англиски јазик во основни училишта, бил ангажиран во МИОА како поддршка на проектот компјутер за секое дете. Оженет и е татко на малолетно дете.
Кандидат за општина Долнени е Ладо Глигороски, кој активно се занимава со земјоделие. Семеен човек, татко на три деца.