ВМРО-ДПМНЕ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО МАВРОВО И РОСТУШE Онер Јакупоски е новиот градоначалник
По обработени 87,18 отсто од избирачките места, Јакупоски убедливо води пред Анес Ахмети од СДСМ и коалицијата. Јакупоски има освоено 1.906 гласа, а Ахмети – 938.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски прогласи победа на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Онер Јакупоски во Општина Маврово и Ростушe на денешните повторени локални избори.
По обработени 87,18 отсто од избирачките места, Јакупоски убедливо води пред Анес Ахмети од СДСМ и коалицијата. Јакупоски има освоено 1.906 гласа, а Ахмети – 938.
„Честитки за новоизбраниот градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. Благодарност за претседателот на ОК, членовите на ОК, претседателите на месни комитети, како и на пратеникот кои безрезервно се вложија за овој успех.
Ви посакувам успешен мандат, исполнет со мудри одлуки, одговорно лидерство и посветена работа во интерес на сите граѓани. Верувам дека со визија и искрена посветеност ќе придонесете за развојот, напредокот и благосостојба на Маврово и Ростуше“, напиша Сајкоски.
Јакупоски беше поставен за повереник од власта да ја води Општината до избор на нов градоначалник.