ВМРО-ДПМНЕ: Продолжувањето на вонредната состојба е показател за конфузноста на власта

1,259

Денешното продолжување на вонредната состојба за дополнителни 14 дена е показател за целата конфузност на власта. Од една страна кажуваат дека има услови за избори, од друга страна се продолжува вонредната состојба, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Самиот факт што вонредната состојба се продолжува на барање на Филипче и Комисијата за заразни болести е показател дека СДСМ, иако е свесна дека нема услови сака да оди на избори за да минимизира пораз, па макар и по цена на здравјето на граѓаните и нивните животи. Барањето на избори и лиферувањето на дати од една страна, и барањето за продолжување на вонредната состојба од друга страна, е показател за конфузноста, но и доказ дека не можеме да имаме фер претставување на сите учесници на една состојба во изборната трка во ситуација на криза. Токму затоа е важно дефинирање на датум, кој ќе произлезе откако претходно ќе се отклонат опасностите по здравјето на луѓето, според кој ДИК ќе може да ги планира активностите“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини