ВМРО-ДПМНЕ: Прилеп „гори“ од корона, градоначалникот вдомува партиски послушници во јавните претпријатија (ВИДЕО)
Само во еден ден ЈКП Водовод Прилеп објави оглас за вработување на 18 лица. Пред извесно време прилепското ЈКП Комуналец вдомило 85 партиски послушници, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се обезбеди дополнителен медицински персонал, дополнителен простор за лекување на заразените со ковид-19 и дополнителни тестови, за градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и за директорот на прилепски Водовод, Емил Јанески, важно е отчестувањето со нивните партиски теренци, обвиниува ВМРО-ДПМНЕ.
До оваа реакција дојде откако само во еден ден ЈКП Водовод Прилеп објави оглас за вработување на 18 лица. Истото ова претпријатие потрошило над 287.000 евра за времени вработувања во месец април оваа година, а пред извесно време прилепското ЈКП Комуналец вдомило 85 партиски послушници, тврди Ирена Стерјовска Локвенец и додава:
– Прилеп е град кластер, пациенти молат за кислород во болницата, граѓани со денови чекаат да се тестираат, докторите се изнемоштени и молат за помош, а Јованоски вели се е во ред, дезинфицирајте се и држете дистанца. Со ваков однос и со вакво расфрлање со народните пари само Бог нека ни е напомош.Оваа власт нема слух за ништо, затоа секојдневно имаме огромни бројки на новозаразени и починати од ковид-19.