ВМРО-ДПМНЕ ПРЕКУ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ИСПРАВА КРИВИ ДРИНИ Тендерот за Варшавска бил местенка ВИДЕО
Јавното обвинителство и Вилма Русковска треба да отворат случај за овој сериозен криминал во јавното претпријатие Водовод, вели Арсовски.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за наместениот тендер за водоводната мрежа на Варшавска, објави денеска портпаролот Димче Арсовски.
– Денеска ја поднесовме кривичната пријава до секторот за организиран криминал, до јавното обвинителство. Каде што јавното обвинителство и Вилма Русковска треба да отворат случај за да го истражат до крај и да понесе некој одговорност за овој сериозен криминален предмет кој што се случи во јавното претпријатие Водовод. Конечно некој треба да сноси одговорност во однос на сите овие пари кои што секојдневно се проневеруваат од страна на власта. Ние очекуваме реакција од страна на секторот за организиран криминал бидејќи ова е тема и предмет која што сериозно ја разбранува и ја интересира јавноста.
Поднесовме обемен материјал со докази кои што го потврдуваат сето она кое што го говоревме. Доколку сакаат да го прикријат од страна на секторот за организиран криминал, би било само јавен преседан во заштита на криминалот и корупцијата на власта – рече Арсовски.