ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДУПРЕДУВАШЕ, РЕВИЗИЈАТА ПОТВРДИ МИНУС ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЛОТАРИЈА Обвинителството не постапуваше, ама веќе го нема Коцевски да ги штити СДСМ и ДУИ
Два милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или ги прикриле, додека СДСМ биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале. Јавноста заслужува одговори, дали СДСМ и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Државниот завод за ревизија, по извршената ревизија во Лотарија, за периодот на работа на раководството поставено од СДСМ и од ДУИ, утврди нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од близу 2 милиони евра, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
– Два милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или ги прикриле. Сето ова се случувало додека СДСМ биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале. Јавноста заслужува одговори, дали СДСМ и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија од 2 милиони евра? На кои сметки завршувале овие пари? Со кое право СДСМ го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ – праша Петрушевски.
И зошто Јавното обвинителство толку време не постапи иако ние јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија, додаде Петрушевски.
– Ете како СДСМ и ДУИ ги раководеа државните институции, ги исцицаа буџетите, и ги испокрадоа парите, ги уништија претпријатијата. Затоа одговорност мора да има, а сега го нема Коцевски да ги штити – рече Петрушевски.