ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛОЖИ РЕЗОЛУЦИЈА СО КОЈА СЕ ПОТВРДУВА ПОЛИТИКАТА ПРОТИВ НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА Документот ги поништува сите аранжмани на владата на Заев поврзани со мигрантски кампови
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи Резолуцијата во Собранието и ги поканува сите парламентарни партии да ја поддржат.
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја претстави „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“ по бројните обвинувања од опозицијата дека Владата се договорила да прими мигранти вратени од Британија.
– Во изминатите денови, јавноста беше сведок на организирана и координирана кампања од страна на опозицијата, којашто влеваше несигурност и паника помеѓу граѓаните. Овие лажни сценарија ги нема во владините политики, напротив, ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи – изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, со којашто беа отворени можности за создавање кампови за мигранти, спротивно на националните и државни интереси.
Мицевски објасни дека Резолуцијата е составена од 9 точки, и во неа се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување.
Во таа насока, оваа Резолуција ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи во Собранието и ги поканува сите парламентарни партии да ја поддржат.